Жирафата Каспер која угина во скопската зоолошка угинала од инфекцијата салмонела. Според патохистолошката анализа Факултетот за ветеринарна медицина констатирал дека оваа инфекција била пронајдена во желудникот на жирафата, црниот дроб, слезината и цревата. Притоа, во цревата биле најдени и паразити, објави Макфакс.

„Врз основа на микробиолошкиот наод Salmonella enterica subsp. enterica serovar enteritidis во желудник (сириште), црн дроб, слезина и црева, како и на патохистолошкиот наод (…), можеме да заклучиме дека жирафата угинала како резултат на инфекција со бактеријата Salmonella enteritidis“, стои во наодот до кој дојде „Макфакс“.

Засега нема информации со каква храна била хранета жирафата во Зоолошката градина, а од која би можела да ја добие бактеријата салмонела. Директорот Зоран Попов, претходно само истакна дека жирафата повеќе месеци не била во добра состојба.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.