Јавното сообраќајно претпријатије-Скопје ( ЈСП) известува дека од утре, вторник жичницата ќе работи еден час повеќе, односно од 10 до 18 часот.

Од таму додаваат дека согласно со Одлуката за возен ред во месец април, од 17 до 17.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 17.45 часот е последно возење од врвот надолу.

Потсетуваат дека секој понеделник и секој последен вторник во месецот, за Жичницата се неработни денови.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.