Автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ утре, поради празникот 1 Мај, ќе сообраќаат по неделен возен ред, а билетарниците и центрите за персонализација нема да работат.

Жичарницата на Водно од утре ќе работи од 10 до 20 часот.

Од мај жичарницата работи два часа повеќе од изминатиот период, односно од 10 до 20 часот, согласно одлуката за работното време за период мај – септември. Од 19 – 19.30 часот е последното возење од долу нагоре, а во 19.45 часот ќе биде последното возење од горе надолу, објави ЈСП.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.