Зелен пазар во Скопје е поплавен. По невремето од силен ветар, дожд и град, кое го зафати градот, пазарџиите дојдоа да проверат што се случува со производите кои ги продаваат.
До половина тезгата е под вода, се што е во неа веќе не е за употреба. Голема штета ни направи неврмето. Мора да се најде решение, на секој појак дожд пазарот е поплавен. Постојано трпиме штети – вели еден од пазарџиите кој проверуваше што останало здраво од робата која ја продава.
Тезгите се во вода, низ пазарот луѓето се движат со гумени чизми. Очекуваат дека вечерва ќе биде извлечена цела вода за утре да може колку толку пазарот да функционира.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.