Граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ попладнево одржа протест во знак на револт од најавеното проширување на улицата „Васко Карангелески“ во Општина Аеродром. Оттаму нагласија дека не е прифатливо проширување на улицата на четири ленти до основно училиште каде што децата ќе бидат во постојана опасност да бидат прегазени.

– Бараме од Град Скопје итно да го стопира проширувањето на улицата „Васко Карангелески“. Не е прифатливо проширување на улицата на четири ленти до основно училиште каде што децата ќе бидат во постојана опасност да бидат прегазени на булевар со четири ленти. Не е прифатливо да се изгуби огромен појас на зеленило каде што локалците наместо да се движат по зелена патека ќе треба да се движат по асфалт со издувни гасови од густ сообраќај. Не е прифатливо да се пресадуваат дрвја кои имаат многу мали шанси да преживеат, потенцираа од „Зелен хуман град“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.