Хуманитарни акции во кои се собираат средства за помош на Леонид Индов и неговото опоравување и лечење се организираат низ 23 основни и средни скопски училишта. Ова не се први акции од учениците за Леонид. Тие веќе одржаа неколку базари со рачни изработки. Како што велат, нема ни да се последни.

Во моментот активни се и телефонски броеви преку кои јавноста може да донира, како и жиро сметка за донации и Go fund me страница за донации од странство:

По несреќата на летување во Грција, кога во јули 2023 година го повреди третиот, четвртиот и петтиот пршлен, осумнаесетгодишното момче прво се лекуваше во Македонија. Тој дише на респиратор и не може да ги движи екстремитетите, па откако можностите за лекување и во јавното и во приватното здравство во Македонија се исцрпиле, неговите родители се консултираа и странски лекари за тоа кои се најдобрите чекори кон заздравување. На 5 јанури на сопствен трошок доктор од виенската билница го посетил Леонид и дал позитивна прогноза.

Леонид со специјален хеликоптер од Скопје беше пренесен во Виена на лекување, но тогаш пристига ладниот туш од Фондот за здравствено осигурување. И покрај конзилијарното мислење дека лицето мора да се лекува во странство, се носи решение со кое се одбива барањето со изговор дека не станува збор за лекување, туку за „рехабилитација“.

При тоа, во решението воопшто не се наведува која установа ја нуди потребната услуга, туку само дека лекувањето е можно во Македонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.