Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски денеска беше на улица „Козара“ во населбата Капиштец, каде започнуваат градежните зафати за нејзина реконструкција. Реконструкцијата ќе го опфати потегот од улицата „Антон Панов“ па сѐ до улицата „Васил Ѓоргов“, бидејќи во овој реон улицата „Козара“ има потреба од обновување на асфалтот.

На овој потег на улицата „Козара“ ќе биде поставен нов асфалт во должина од 1490 м2, и нови рабници со вкупна должина од 940 метри, односно по 470 метри од двете страни. Заедно со поставувањето на новиот асфалт долж овој потег на улицата, ќе бидат нивелирани и 23 шахти“, истакна Герасимовски.

Општина Центар ја започна и реконструкцијата на улицата „Петар Поп Арсов“, а во следниот период ќе работи на улиците „Рајко Жинзифов“, „Адвокатска улица“ и пробивањето на улицата „Партизанска“.

Општина Центар силно вложува во инвестиции во инфраструктурата со цел да се зголеми безбедноста на пешаците и возачите, но и да се нормализира одвивањето на сообраќајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.