Поради невнимание во Градскиот трговски центар во Скопје околу 18 часот се запалиле контејнери, а по интервенција на пожарникарите, пожарот е ставен под контрола.
Командирот на скопската Бригада за противпожарна заштита Звонко Томески, за МИА информира, дека повредени нема, а на терен биле испратени четири противпожарни возила, бидејќи пријавата била непрецизна.
Пријавата беше непрецизна од граѓанин што видел, затоа што не знаевме за што станува збор испративме повеќе возила, бидејќи станува збор за прометен објект, изјави Томески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.