Град Скопје заедно со екипите на јавните претпријатија и во координација со Општина Шуто Оризари успешно ја спроведоа работната пролетна акција на територија на оваа општина.

Од почетокот на акцијата за чистење на општината Шуто Оризари, во специјалните садови што ЈП Комунална хигиена ги постави на  шест локации во оваа скопска општина беа одложени приближно 135 кубни метри кабаст отпад коишто се подигнати и транспортирани од страна на екипите на претпријатието. Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ секојдневно рачно и машински ги метеа и миеја  улиците Шуто Оризари и Нов живот,  сите  автобуски постојки, а направија и дезинфекција на контејнерите на јавните површини.

Во рамките на пролетната акција за генерално чистење на општината Шуто Оризари, екипите на ЈП Комунална хигиена започнаа со расчистување и на обемна дива депонија лоцирана на булеварот Македонско – косовска бригада.

Теренските екипи на ЈП Паркови и зеленило  во координација со општинските служби  ги искосија  тревните површини во средното училиште  СУГС „Шаип Јусуф“ и во основните училишта ООУ „Браќа Рамиз –Хамид“ и „26 Јули“. Искосени се тревните површини на улицата Индира Ганди, како и зеленилото кај поштата и зеленилото кај самата општина.

Во рамките на акцијата во оваа општина екипите од Сектор дрвореди извршија интервенции на булеварот Македонско – косовска бригада (во дворот на Жито Лукс АД), односно кастрење на 17 дрвја по издадено Решение од Град Скопје.

Екипите на ЈП Улици и патишта во големата пролетна работна акција во општината извршија санација на ударните дупки, со вкупна површина од околу 75 квадратни метри, од кои на улицата Индира Ганди 37 квадратни метри и 35 квадратни метри на улицата Гвадалахара. Санирани се оштетените бекатон плочи на пешачки патеки со вкупна површина од 46 квадратни метри кај пазарот и во насока кон затворот во Шуто Оризари. На улицата Индира Ганди се санирани и нивелирани и три канализациони шахти. Обновена е вертикалната сигнализација и сообраќајна опрема со нови десет сообраќајни знаци и две платоа за смирување на сообраќајот на улицата Индира Ганди.

Јавното претпријатие Водовод и канализација во општина Шуто Оризари за време на акцијата работеше на булеварот Македонско-косовска бригада, како и на улиците Идира Ганди и Нов живот. На  улицата Индира Ганди  извршија контрола на 32 шахти, од кои  рачно се исчистени 15 шахти и 25 сливници, миење  на канализациона линија  од 220 метри со цистерна со  вакуум  и прочистување на 250 метри со цистерна  под притисок.

Тимовите на ЈП Лајка во текот на акцијата на пет локации на територијата на општината Шуто Оризари заловиле 9 кучиња.

Јавното претпријатие Дрисла во рамките на пролетната акција во Шуто Оризари го примаше, складираше и депонираше комуналниот отпад, градежниот шут и другите видови отпад што се собираше на територијата на целата општина.

Град Скопје заедно со јавните претпријатија и во координација со Општина    Шуто Оризари пролетната акција ја спроведуваше од 3 до 6 мај на територијата на целата општина. Следната општина во која ќе се спроведува ваква акција е Центар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.