Од МВР известуваат дека жичницата на Водно е пуштена да работи и луѓето што биле заглавени се вратени на асфалтираниот пат.

Од АМСМ известуваат:

ЗАБРАНА ЗА ДВИЖЕЊЕ:

Од 13:00 на Пат. правец Кичево-Стража има забрана за движење на ТТМВ.

Од 17:00 часот на патниот правец Кратово-Пробиштип, поради обилни врнежи на снег воведена е забрана за движење на ТТМВ.

Од 17:00 часот на патниот правец Превој-Буково, и обратно, поради обилни врнежи на снег воведена е забрана за движење на ТТМВ

Од 17:20 патниот правец Струга – ГП Ќафасан е во прекин за тешки товарни возила.

Од 15:20 часот на патниот правец Битола-Ресен, и обратно, кај превој „Ѓавато“, поради обилни врнежи на снег воведена е забрана за движење на ТТМВ.

Од 16:35 на патниот правец Градско-Прилеп кај превој „Плетвар“ и обратно, поради временските услови има забрана за движење на ТТМВ.

Од 16:30 патниот правeц Крива Паланка граничен премин Деве Баир е затворен за тешки товарни возила.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.