Очекувано од СДС и за пожарот во Универзална сала нема виновен, нема ниту извинување од Ковачевски и Стојчевска.Како и за се до сега, власта не е виновна за ништо, но симболот на Скопје изгоре, а изгоре затоа што СДС 7 години ја претворија во руина, градежен објект кој никако да се заврши, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

СДС ако не беше криминална ќе ја реконструираше Универзална сала до сега.Наместо да има реконструирана Универзална сала, СДС потонаа во тендери, а тендерите како и секогаш ги добиваат нивни блиски.

Наместо реконструирана Универзална сала, имаме тендери и изведувачи блиски до СДС, затоа и нема одговорност. Но Ковачевски и Стојчевска да не се надеваат дека одговорноста за Универзална поминала покрај нив. Одговорност ќе има, веднаш по преземањето на власта, ќе биде ревидиран целиот случај. Време е државата да ја вратиме на народот. Македонија повторно горда.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.