На седница на Советот на Град Скопје, советничката од ВМРО-ДПМНЕ, Емилија Ангелова упати три прашања до директорите на средните училишта на Град Скопје и тоа до „Здравко Цветковски“, АСУЦ „Боро Петрушевски“ и „Васил Антевски Дрен“

Во однос на првото прашање упатено до директорката на „Здравко Цветковски“ Ангелова посочи дека во финансискиот извештај има прикажано дека во календарската 2021 година сте потрошиле 250 илјади денари за репрезентација.

Ангелова упати прашање до директорката на „Здравко Цветковски“ за што ги потрошила тие пари кога во цела 2021 година не се изведуваше настава во вашето училиште односно наставата се одвиваше онлајн?

Таа посочи дека немате добиено и писмена согласност за изведување на наставата онлајн со што сте постапиле и спротивно на протоколот и планот за изведување на настава во учебната 2021/2022 година и сте реализирале онлајн настава без добиена согласност од министерството и Владата.

Ангелова ја запраша директорката дали со ова е свесна дека го исполнува и условот за нејзино разрешување согласно член 93 од законот за средно образование?

Во однос на второто прашање упатено до директорот на АСУЦ „Боро Петрушевски“ Ангелова истакна дека во 2021 година предметот за набавка реконструкција на кровна конструкција е спротивно на законот за јавни набавки, бидејќи го делите на две постапки. Реконструкција на кров на фискултурна сала со вредност од околу 29 илјади евра и реконструкција на кров на дел од училишна зграда со вредност од околу 30 илјади евра и по некоја случајност тоа го добива една иста фирма од Тетово. Истата фирма од Тетово има добиено и јавна набавка за молерисување.

Ангелова го запраша директорот на АСУЦ „Боро Петрушевски“ за тоа како е правено реконструкција на кровот на фискултурната сала кога фискултурната сала ја отворивте вие како директор во 2020 година и дали за една година успеа да се уништи кровот, а со тоа да биде потребна реконструкција? Таа додаде и за колку м2 е направена реконструкција бидејќи од склучениот договор не може да се утврди точната количина бидејќи секаде имате ставено количина еден.

Во однос на третото прашање упатено до директорката на „Васил Антевски Дрен“ Ангелова побара доставување на извештајот од финансиската инспекција од националната агенција за европски образовни програми и мобилност која ви била извршена во вашето училиште за сите проекти.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.