Седум дена учениците од средното училиште „Здравко Цветковски“ нема греење, па е единственото каде учениците следат онлајн настава. Додека надлежните си ја префрлаат вината, проблемот со финансиската состостојба на дел од скопските општини на терен ескалира. Поради неажурноста на надлежните, среднопшколците во ова училиште останаа без греење а директорката се правда дека не седела со скрстени раце – направиле јавна набавка за потребната количина на гас за целата грејна сезона, но поради покачувањето на цената, немале доволно финансии.

Имаме проблем со греењето, цената на гасот е покачена за три пати од она што сме го планирале и сега немаме средства. Ете толку е причината. Ние второто полугодие го почнавме со физичко присуство. Децата осум дена беа на училиште, денеска е седми дена како се онлајн, наставата тече. Денеска е само седми ден како се децата онлајн. А јас се надевам дека веќе од понеделник, или евентуално вторник, среда, децата ќе се вратат на настава со физичко присуство.
Не седам со скрстени раце, ги правам сите напори, сите можни извори за обезбедување енергенс за училиштето и работам да се обезбеди тоа, 
вели директорката Томовска за Алфа.


Повеќе ТУКА



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.