Не се создадени услови за испорака на топлинска енергија за производство, испорака и снабдување со топлинска енергија, информираат од ЕСМ-Снабдување.
Оваа информација е согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на СРМ, а врз основа на прогнозираната средна дневна температура на воздухот во Скопје од 16˚С за 14.10.2024 година од Управата за Хидрометеролошки работи.
Согласно регулативата, снабдувањето со топлинска енергија на потрошувачите вообичаено започнува од 15 октомври, но може да започне и од 1 октомври, доколку прогнозираната средна надворешна температура за наредниот ден е еднаква или помала од 12˚С, според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи.
– За сите неопходни информации или пријави за одредени интервенции, потрошувачите може да се јават во нашиот Центар за грижа за потрошувачи на телефонските броеви 02/3076-200 и 075-400-100 – велат од ЕСМ-Снабдување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.