Граѓаните да внимаваат на појавата на змии во овој потопол период. Вчера беше добиена пријава за змии во скопската општина Гази Баба. Веднаш на пријавителката ѝ беше пренесено дека служби за фаќање змии, нема. Но, сепак ѝ беа дадени информации дека на повик има лица, кои се справуваат и заловуваат змии, соопштија денеска од Центарот за управување со кризи.
Пријава за змија во текот на вчерашниот ден имало и во Прилеп.
Преку единствениот повикувачки број за итни повици – 112, вчера, имало пријава за пронајдена змија на улицата „Мирче Ацев“ број 9 во Прилеп. Интервенирано е во 13.45 часот од страна на Територијалната противпожарна единица – Прилеп со тројца пожарникари и едно возило. Змијата била безбедно уловена жива, па потоа транспортирана и пуштена во природа, појаснуваат од ЦУК.
Како што додаваат од ЦУК, изминатото деноноќие имало и повици за опасно виснати кабли под напон, небезбедни улици и патишта, паднати дрвја врз возила, одрони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.