Угина слоницата во скопската Зоолошка градина, дознава „Скопје1“. Според информации од ЗОО, и покрај тоа што угинувањето се случило изминатите денови, постоел обид тоа да се скрие. Утрово, околу 08 часот започна и акцијата за „тивко“ изнесување на слоницата.
Од снимките на „Скопје1“ ќе видите како со два багери и камион, слоницата е изнесена од зоолошката. Дополнително, откако беше натоварена во камион, кој неофицијално е на градско јавно претпријатие, врз неа беше фрлана земја и најлони во кои претходно беше замотана, но се искинаа при качувањето во камионот. Според информации на „Скопје1“, слоницата е однесена на депонијата Дрисла.
View this post on Instagram
Од раководството на скопската Зоолошка градина за овој случај не се објави ниту збор, како што во минатото правеа кога починаа жирафите.
Сега, Зоолошката остана со еден слон. Причните за угинувањето не се познати за јавноста, ниту зошто тоа се крие од јавноста.
Минатата година во Зоолошката градина Скопје угинаа осум животни. Во мај угина жирафата Каспер, додека крајот на ноември угина и жирафата Флопи.
Според извршената обдукција, Каспер, жирафа стара 13 години, угинала како последица на инфекцијата од бактеријата салмонела естеридис. Флопи, починала како последица на малиген тумор на епителот на жолчните канали во црниот дроб и метастази на белите дробови.
Угинале и тигрица, лемури, прежевалски коњи, црн лебед, пинвини, џуџеска коза… Поморот на животни во ова установа трае подолго време, откако за градоначалничка дојде Данела Арсовска, која до сега смени тројца директори.
ЗОО-Скопје неодамна го изгуби статусот на членка на Европската асоцијација на зоолошки градини и аквариуми.
Кога зо Зоолошка раководеше Кристијан Стаменов беа заклани 10 коњи, со образложени дека се болни. Потоа беше поставен Драган Илиевски, а по него актуелниот, Зоран Попов. Во неговиот мандат угинаа и трите ретки пржевалски коњи, а сомнежите беа дека биле намерно отруени.
Одговорност за сите угинати егзотични животни не понесе ниту раководството на ЗОО, ниту градоначалничката Данела Арсовска која го назначува.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.