Во Градски Парк во Скопје денеска ќе се одржи 4. воздухопловен едукативен саем „Скопје Ер Фер 2024“, во организација на Здружението за подобро воздухопловство АВИКОН.
На саемот ќе бидат претставени воздухопловните професии, а ќе бидат присутни воздухопловни ентитети од земјата и регионот, како и професионалци од разни сфери на воздухопловството кои ќе се обидат да им ја доближат авијацијата на младите.
Оваа година, како што најавија организаторите, на саемот ќе биде споделена успешна приказна за младиот битолчанец Христијан Котевски кој својот воздухопловен пилотски пат го започнал на првото издание на SKOPJE AIR FAIR во 2021 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.