Од ЈП „Водовод и канализација“ соопштуваат дека според физичко-хемиските и микробиолошките испитувања од 55 мерни места во Скопје водата е безбедна за пиење.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 11 јули до 15 јули зема 208 примероци за физичко-хемиска и 208 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 55 мерни места во Скопје. Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник, бр.183/18) – информираат од ЈП Водовод и канализација.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.