Дел од корисниците од ул. Перо Наков бб, на потегот од бул. Киро Глигоров до МЗТ денеска од 09:00 часот ќе имаат прекинато водоснабдување, соопшти регионалниот Центар за управување со кризи – Скопје.
ЈП Водовод и канализација го известил Центарот дека прекинот е поради дефект на затворач 250 мм на ул. Перо Наков бб.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со санација на дефектот.
ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје известува дека денеска, поради реконструкција на водоводна мрежа на улица „Скупи“ бб (во близина на стаклара Вамаско), без вода ќе бидат околните објекти-Момин Поток.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со работните активности.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.