После четири години имаме и бебе белоглав мршојадец што особено не радува бидејќи овој вид е загрозен, информираше преку Фејсбук објава на официјалната страница на скопската Зоолошка градина.

Белите мршојадци се најголеми екологисти, тие се чистачи кои се хранат од трупови на мртви животни кои ги наоѓаат со надгледување на отворени простори честопати движејќи се во јата. Воспоставуваат гнездачки колонии на карпи каде не можат да бидат вознемирувани од луѓето.
Женките најчесто се гнездат на карпи и несат по едно јајце. Го лежат двата родитела, а инкубацијата трае 48-53 дена. Младенчето го напушта гнездото на возраст од 3 месеца.

Мило ни е што и во минатато и сега придонесуваме за продолжување на овој вид кој за жал е пред истребување, велат од скопската Зоолошка градина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.