Со отворањето на новата градинка во населбата Усје се реши еден горлив проблем за родителите, истакна денеска градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.
Посочи дека иако имале листа од 420 дечиња за која со неговиот тим се обврзале да ја следат на 0 за четири години, Ѓорѓиевски посочува дека денешното отворањето на градинката е втор објект кој го отвораат на територија на општина Кисела Вода.
Во моментов на листата за чекање имаме помалку од 80 дечиња. Исто така работиме на уште еден објект на територијата на општина Кисела Вода, тоа е објектот „Кокиче“ кое што го прошируваме и го адаптираме за да може од пролет да прими 150 дечиња што значи можам со гордост да истакнам дека со нашата заложба изминатава година целосно до пролет успевавме да го решиме проблемот долгогодишен, горлив, децениски би кажал, а тоа е околу згрижувањето и негата на нашите младите, а тоа е дечињата во градинките. Овој објект денеска којшто веќе од јануари средината ќе започне да функционира и да ги прими, да ги згрижува дечињата главно којшто живеат во населба Усје, во населба Градинари, во населба Стаклара има капацитет од околу 100 дечиња да згрижи и е изработен, изграден по сите стандарди, ги исполнува сите услови и морам да истакна исто така дека е првиот целосно инклузивен објект на територија на општина Кисела Вода. Опремен е како што споменав по сите стандарди и е вистински украс овде во населбата Усје, од еден руиниран објект кој што беше старо училиште во минатото успеавме да направиме објект со којшто и ние и нашите сограѓани овде се гордеат – вели градоначалникот.
Во однос на останатите проекти кои се спроведуваат во оваа населба, Ѓорѓиевски истакна дека продолжува изградбата на новите улици.
Најголем дел сега се асфалтирани во моментов, но останатите до крајот на пролетта ќе бидат завршени, но изминатиот период направивме една целосна реконструкција на едно детско катче, така што нашиот концепт е од населба во населба да се движиме и целосно да ги обезбедуваме и да ги опремуваме населбите да се реализира сето она што години наназад за жал не било реализирано. Јас сум лично задоволен од сето ова што го сработивме, особено за овој велелепен објект овде кај кој што се наоѓаме денес и се надевам дека од средината на јануари ќе се слушаат детскиот џагор и ќе биде тоа на општо задоволство. Сакам да се заблагодарам на сите, еве и на директорката за целиот нејзин ангажман. Морам да истакнам исто така дека и на Советот се заблагодарувам за тоа што не пратат и во секоја постапка ни помагаат за сите проекти вака успешно да се реализираат. Исто така би истакнал дека овој проект и објект е целосна инвестиција на општина Кисела Вода, на што сме горди ете како тим – вели Ѓорѓиевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.