Градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски, заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и претставници од партијата денеска извршија увид на изградбата на кружниот тек во Илинден. Како што објасни градоначалникот, кружниот тек ќе ги спојува трите најглавни артерии во населеното место Илинден и на општината, и уште една четврта ново планирана улица.
Овој кружен тек и те како ќе биде подобрување за безбедноста во сообраќајот и ќе го среди сообраќајниот хаос во населеното место Илинден. Паралелно со изградбата на овој кружен тек се работат и пешачки патеки околу него, ќе следи комплетно осветлување, партерно и хортикултурно уредување. Во овој момент исто така денеска ја завршуваме и пешачката патека која ја реконстуиравме на улица 2 од 620 метри. Овој период и следниот период се работи и на други проекти, само ќе спомена веќе во завршна фаза и во пуштање во употреба на колекторскиот систем во должина о д 4 и пол метри меѓу населените места Илинден и Марино веќе се работи на приклучоци. Во месноста Јака фекалната канализација во должина од 6300 метри е изграден, и таму може приклучоци да се поставуваат, објасни Георгиевски.
Додаде дека годинава ќе започне и реализација на дел од планот за фекална канализација во населба Илинден, месноста Плац.
Се работи на нов проект на канализација во населено место Кадино, а исто така ќе ги реконструираме патот Миладиновци – Бујковци во должина од 1500 метри, патот Хиподром Илинден во должина од 700 метри, ќе започне втора фаза на реконструкција 532 во населено место Марино што го поврзува со Кадино и ќе градиме ново мултифункционално игралиште во населено место Илинден, а ќе се реконструираат и постоечки спортски игралишта во Кадино, Миладиновци и други населени места, ќе се градат детски паркови, ќе ја пробиеме новата трим патека, ќе работиме на доградба на градинката за проширување, нови 300 квадрати градинка и тоа е планирано оваа година, и многу други проекти кои што периодот ќе ги реализираме, рече тој.
Тој изрази задоволство од посетата на Мицкоски, за кој рече е голем поддржувач и поткрепа за сите активности кои што ги работи Илинден, но останатите општини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.