Скопскиот сектор за внатрешни работи, односно Единицата за безбедност на патниот сообраќај, денеска во Скопје ќе преземе мерки за посебен сообраќаен режим поради меѓународниот фудбалски натпревар меѓу македонската и италијанската репрезентација.

Како што информираат од МВР, од тие причини, сообраќајот по сообраќајниците околу националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе се одвива со посебен режим.

МВР апелира до сите граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.