Во убавиот амбиент на амфитеатарот ,,Галерија на отворено” при Домот на култура ,,Илинден” во општина Илинден, се одржа меѓународниот детски фолклорен фестивал ,,Св. Троица”. Фестивалот е во организација на КУД ,,Гоце Марковски” од Долно Лисиче и годинава се одржа по деветти пат, но за прв пат во општина Илинден, а многубројната публика имаше можност да ужива во прекрасните настапи на културно уметничките друштва од земјава и странство.

Фестивалот започна со прекрасно дефиле каде сите учесници тргнувајќи од пред спортската сала ,,Гоце Делчев” се движеа по главната улица во Илинден се до Домот на култура ,,Илинден”, каде настапија културно уметнучки друштва од соседна Бугарија, Србија, како и неколку ансамбли од Скопје, КУД „Гоце Маркоски“ , АНПИ „Илинден“ , ФА „Седенка“ и ФА „Плетеница“.

Фестивалот има за цел преку фолклорот да се направи едно зближување помеѓу народите, запознавање на нови пријателства, дружење, едукација на младите за Македонскиот фолклор, култура и традиција, запознавање со нови култури и традиции, презентација на Македонија и сите убавини, размена на знаења и искуства, отворање на портите кон нови патувања на нашите играорци.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.