Пожар избувнал утрово во трговскиот центар Ист Гејт во Скопје на најгорниот кат, во делот на рестораните каде се подготвува храна, а противпожарните екипи се уште се на терен. Нема повредени, само има материјална штета.
Се запалил вентилациски канал кој ја спроведува пареата. Пожараникарите се уште интервенираат. На терен се 15 пожарникари со пет противпожарни возила, изјави за МИА командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје Звонко Томески.
Пожарникарите добиле дојава од вработените во трговскиот.
На посетителите се уште не им е дозволен влез.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.