На свечен настан кој се одржа во Долно Лисиче, денес и официјално беше откриена спомен бистата посветена на Игор Драганов, жител од Аеродром кој херојски загина во одбрана на Македонија пред 16 години. Бистата е поставена од страна на Општина Аеродром, по иницијатива на неговото најблиско семејство и пријатели.

Неговото родно место со бистата која беше поставена, од денес ќе претставува вечен спомен за неговите лик и дело, професионалниот однос кон униформата и работната позиција, како и херојската жртва која тој ја даде за Македонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.