Во Општина Аеродром денеска започна да се спроведува акција за расчистување на отпад од искористени и хаварисани возила наменети за различен вид на транспорт или одржување, а се наоѓаа на приватен имот во близина на паркот Бановина во Горно Лисиче.

Овој тип на отпад претставува целосна спротивност и прекршување на членот 37 од Законот за управување со отпадот, имајќи предвид дека истиот не само што го нагрдува просторот во урбаните зони, туку и претставува директна опасност за животната средина и околината.

Во периодот кој следува, ќе се вршат поинтензивни и редовни контроли за ваков вид на отпад кој се наоѓа на приватен имот и на создавачите на отпадот ќе им биде наложено истиот да го отстранат. Во спротивно, Општина Аеродром и надлежните органи ќе ги преземат сите расположливи дејствија, вклучително и изрекување на прекршочни санкции, соопштија од Општината.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.