За нереализираните проекти во Скопје единствено вина имаат СДС и нивната портпаролка Данела Арсовска, а Ковачевски всушност само ја потврди коалицијата со Арсовска со тоа што нејзините проекти ги зеде како свои. Вака реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, по денешната изјава на премиерот Димитар Ковачевски којшто пак кажа дека „ништо не се реализирало од тоа што го ветил Мицкоски за град Скопје“
Ковачевски кога обвинува други за неработа, треба прво да одговори што договараат на тајните средби со Арсовска, затоа што за работа сигурно не се договараат, оти ништо и не работат, а скопјани тоа го гледаат.
Ковачевски исто така да одговори какви матни зделки договориле со Арсовска штом толку ревносно и даваат поддршка и се обидуваат да ја маскираат нејзината неработа.
Реалноста е дека хаосот во Скопје започна со СДС, а Арсовска како нивен портпарол само го продолжи“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Владата на СДС и ДУИ на ЈСП му должат 2 милиони евра. Директор на ЈСП кој го постави Арсовска е кадар на СДС. Клинички центар управуван од министерството за здравство водено од ДУИ ми должи на ЈП Водовод и канализација 2 милиони евра.
Тоа се фактите, а за работата на ВМРО-ДПМНЕ сведочат проектите, училиштата, улиците, булеварите, градинките кои се градат, кои изнесуваат над 120 милиони евра“, додаваат од најголемата опозициска партија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.