Дарко Костовски, градоначалник на скопски Бутел соопшти дека општината во услови на најтешката економска криза успеала да оддели 1. 400. 000 денари за социјално загразените семејства.

Посочените средства со домаќинско и одговорно работење успеавме да ги заштедиме од непотребни трошоци, на тој начин директно помогнавме на стотина граѓани кои имајки големи проблеми ми се обратија мене лично како градоначалник на општина Бутел.
Социјалните мерки се неопходни, мора да бидеме тука за сите луѓе кои живеат во социјален ризик и имале тешка животна судбина, вели Костовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.