Денеска како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“ во Советот на Град Скопје започнуваме еколошка акција за чисто и зелено Скопје, ова преку изјава за медиумите го истакна Стефан Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Тука од паркот во Сарај започнуваме со акција за чистење на локалитетот и засадување на неколку дрвца. Со оваа симболична акција сакаме да постигнеме две цели. Прво да се обидеме да ја подигнеме еколошката свест на граѓаните во градот Скопје и второ да ја поттикнеме меѓуопштинската соработка во сите општини а Град Скопје. Во оваа акција освен коалицијата „За обнова на Македонија“ присутна е и политичката парија, односно советниците од Алијанса за Албанците, а поддршка побаравме и добивме од градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска. Ја бараме поддршката од сите граѓани и од сите здруженија и институции со мал придонес да се вклучат во овие позитивни еколошки акции кои ги правиме, а кои ќе продолжат во сите 10 скопски општини, вели Андоновски.

Тој додава дека со нашата мала акција ќе го решиме проблемот со загадувањето на животната средина, свесни сме дека нема да можеме но, ако секој од нас, граѓанин на Скопје, 500 илјади од нас засадат само по пет дрвца годишно, за четири години тоа ќе бидат десет милиони дрвца, нови дрвца во градот.

-На овој начин, со оваа акција сакаме да ги поттикнеме граѓаните да размислуваат еколошки, да се вклучат во акциите преку своите работни места, преку здруженијата во кои што учествуваат неформално, за да им помогнеме на животната средина, а со тоа да си помогнеме и на самите себе. Освен тоа, со ова поттикнуваме силна меѓуопштинска соработка со советниците од советите во општините во Градот Скопје, советничката група на Градот Скопје и се надеваме дека на овој начин, со оваа меѓуопштинска соработка ќе постигнеме позначителен ефект и за нас и за граѓаните на Градот Скопје и за сите скопски општини, истакна Андоновски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.