Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска наместо да ги решава проблемие на граѓаните, таа создава нови проблеми. Наместо да биде сконцентрирана на реализација на својата програма, таа е сконцентрирана на создавање на конфликти. За кратко време создаде хаос во градот, велат од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Град Скопје.
Посочуваат дека Скопје е нечисто како никогаш до сега.
Велат Арсовска се скарала со синдикатот на ЈП Водовод и Канализација, со синдикатот на ЈСП.
-Доцни исплатата на платите во паркови и зеленило. Доцни исплатата на платите во Лајка. Се скара со приватните превозници. Во училиштата под Град Скопје владее хаос. Пожарникарите ги принудува да бидат чувари. Единствено со кого не се скара е со СДС. Оддеднаш заборави на матните зделки и криминалите на претходното раководство на град Скопје, предводено од кадрите на СДС. Ова коинцидира со контактите и средбите на Арсовска со Ковачевски и Јакимовски во Владата. Арсовска треба помалку да се занимава со политика а повеќе со решавање на проблемите на народот. Арсовска наместо со сплеткарења треба да засука ракави и да ги исполнува ветувањата кои ги даваше на граѓаните, се вели во нивното соопштение.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.