Теренските активности на СДСМ под слоганот  „Рамо до рамо, до победа“ попладнево продолжи и во скопските општини Бутел, Ѓорче Петров и Сарај.Претседателката на Форумот на жени на СДСМ и министерка за труд и социјална политика, Јована Тренчевска заедно со членот на ЦО на СДСМ, Марко Ѓоргиевски беа на средби со граѓаните на Ѓорче Петров.

-Една и пол година порано го остваривме ветувањето од изборите во 2020 година за минимална плата од 20.000 денари. Со СДСМ, денеска таа изнесува 20.175 денари. Во време на светска економска криза рекордно ги покачивме пензиите на 330.000 пензионери, а во најкризните месеци оние со најниски пензии добиваа дополнителна финансиска помош. Концептот парите кај граѓаните е концепт од кој ние во СДСМ не отстапуваме, порача Тренчевска во Ѓорче Петров.

Членката на ИО на СДСМ Тања Томиќ и членот на ЦО на СДСМ Виктор Велевски со граѓаните на општина Сарај разговараа за важноста од евроинтегративниот процес на државата. Тие пред присутните истакнаа дека конечно по 17 години Македонија ги започна преговорите со цел да завршат до 2030 година, додавајаќи дека влезот во ЕУ е гарант дека секое населено место ќе се развива подеднакво без разлика дали е мало или големо, дали е рурално или урбано.Во општина Бутел членот на ИО на СДСМ Благој Бочварски и членката на ЦО на СДСМ, Пламенка Бојчева пред граѓаните ги презентираа капиталните проекти што Владата на СДСМ ги реализира, истакнувајќи дека со потпишувањето на договорот со Бехтел и Енка конзорциумот, ќе се градат 110 километри автопати на Коридорите 8 и 10 Д во вредност од 1.3 милијарди евра што е најголем инфраструктурен зафат во историјата на државата



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.