Првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити најави дека Владата донесе одлука да одвои 20 милиони евра за финансирање на проектот за изградба на подземна катна гаража кај плоштадот „Скендерберг“ во Скопје.

Проектот предвидува изградба на 371 паркинг место, распоредени на две подземни нивоа на површина од повеќе од 13 илјади метри квадратни.

Ваквата одлука била официјализирана на денешната редовна седница на Владата.

Според Меџити, изградбата на ваквиот проект е особено значајна за Старата скопска чаршија и општина Чаир. Добивањето на дозволата за изградба е при крај од Министерството за транспорт, а градежните активности треба да започнат на почетокот на наредната година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.