Градскиот комитет на УМС на ВМРО-ДПМНЕ по акцијата ,,Важно е! Донирај, подари радост!” за помош на социјално ранливите граѓани подели над еден тон продукти за семејствата на кои им е потребно.

Скопјани ви благодарам!
Ова е плодот на вашата хуманост и добрина заради која успеавме да собереме и да донираме над еден тон прехранбени и хигиенски продукти, со кои некому ќе му ги разубавиме празниците за што најискрено уште еднаш ви благодарам!
Благодарам и на Отец Оливер Петровски за срдечноста и посветеноста.
Градскиот комитет на УМС на ВМРО-ДПМНЕ ви благодари на сите кои се приклучивте и кои искрено ја поддржавте акцијата Важно е! Донирај-подари радост!
Најискрено ви ги честитаме божиќните празници!- посочи Борис Шамбевски, претседарел на Градскиот комитет на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.