Зухејр Реџепи, в.д директор на ЈП „Паркови и зеленило” – Скопје реагира на односот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на град Скопје.
– На минатата седница имаше скандал за кој сакав да се осврнам на оваа седница но бидејќи од говорницата не ми беше дозволено да ѝ порачам на Марија Андонова дека и следните избори ќе ги загубат затоа што минатата седница се исмева затоа што се обратив на македонски јазик. Ме исмеа затоа што го почитувам македонскиот јазик, ќе ги изгубат изборите затоа што дискриминираат и деградираат, го дискредитираат секој што е различен од нив, секој што зборува на различен јазик, не се демократи туку се диктатори. Нека им служи на чест што не знаат да го почитуваат моето обраќање на македонски јазик, јас го почитувам македонскиот јазик повеќе од нив, а тие се исмеваат. Денес не ми беше овозможено да зборувам од оваа говорница, се потврди и начинот на делување на Трајко Славески кој дискриминаторно ми го одзема зборот. Срамота е за координаторката на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Андоновска да дофрли од место дека не вреди да ме гледа и слуша и да излезе од салата, тоа само го докажува нетрпението на ВМРО-ДПМНЕ кон нас Албанците и сите различности, вели в.д директор на ЈП „Паркови и зеленило” – Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.