Грејната сезона официјално започнува утре (вторник), а ЕСМ ги советува граѓаните и фирмите да ги подготват своите системи за греење.

Училиштата и градинките низ Скопје прават последни подготовки, но иако дел се веќе спремни сепак Општина Карпош ќе стартува подоцна, бидејќи температурите не се доволно ниски.

Според информациите, осум училишта на територија на Карпош ќе останат со ладни радијатори бидејќи сезоната кај нив ќе почне околу 1-ви ноември со цел да се заштеди.

На барање на Општина Карпош испораката на топлинска енергија нема да започне на 15-ти октомври, туку од 1-ви ноември за сите основни општински училишта на територија на општината што ги користат услугите на „ЕСМ Снабдување со топлина, велат од ЕСМ.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.