Поради промена на затворач ф-600 мм на крстосницата булевар „Александар Македонски“ со „16-та Македонска Бригада“ утре, недела, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците улиците „512“, „515“, „516“, „520“, „Ист Гејт Мол“, објектот на Топлификација, објектот на Општина Гази Баба, хотел „Континентал“, булеварот „Александар Македонски“, ул. „808“, „Скопска Пивара“, „Алкалоид“, „ЈСП“ и „Кока Кола“.

Од ЈП Водовод и Канализација информираат дека прекинот со водоснабдувањето ќе биде од 9:00 часот па се до завршување на работата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.