Утре без напојување со електрична енергија од 08:00 до 11:00 часот ќе бидат корисниците од дел од ул. Осло, а од 10:30 до 14:00 часот и корисниците од дел од ул.Будимпештанска во Општина Карпош, а од 08:00 до 11:30 часот корисниците од дел од стопанската зона во населба Визбегово, поточно објектите во околината на фирмата – Полиестердеј во Општина Бутел.
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, информира дека по добиеното известување од ЕВН, прекинот во напојувањето со струја е поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.