Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од Градот Скопје ги известува граѓаните дека авионската дезинсекција (прва фаза) на подрачјето на Градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се реализира на утре (13.04.2023- четврток), во раните утрински часови.

Терестичната дезинскција (прва фаза) на подрачјето на Градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се реализира на 13.04.2023 (четврток), во текот на денот.

Доколку временските услови не се поволни т.е. не го дозволуваат вршењето дезинсекција, истата ќе се изврши првиот нареден ден, во истите термини, кога временските услови ќе бидат поволни. Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите, велат од Град Скопје.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.