Ретки се луѓето кои останаа од самиот почеток со скопската градоначалничка Данела Арсовска. Или таа ги менуваше или тие си заминуваа, а причините никогаш не ги образложи пред јавноста.
Најнов случај на заминување од кабинетот на градоначалничката е нејзината блиска соработничка Маја Рисова, дознава „Скопје инфо“. Во кабинетот на Арсовска дојде како тотален анонимец и можеше да се забележи како ја придружува градоначалничката речиси на сите настани.
Последната фотографија со градоначалничката Арсовска им датира од 22 мај, каде Рисова заедно со целиот кабинет беа на посета во Прага каде Арсовска оствари официјална средба со Градоначалникот на Прага, Бохуслав Свобода. И од тогаш Рисова не се појавува на ниту една фотографија и на ниту еден официјален настан. Но затоа сега екс најблиската соработничка на Арсовска да ја видиме во друштво на новиот министер за јавна администрација Горан Минчев.
Повеќе тука
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.