По повеќе од две години застој продолжува реконструкцијата на Универзална сала. Ќе се одвива во две фази.
За надворешното уредување кое опфаќа фасада, покрив инсталации и слично се обезбедени 120 милиони денари, а за втората фаза која предвидува ентериерно уредување обезбедени се 866 милиони денари.
Проектот треба да биде готов до 2026 година. Реконструкцијата е под ингеренции на Министерството за култура откако Град Скопје го предаде проектот за кој сметаше дека е небезбеден.
Универзалната сала треба да биде реконструирана за три години, а нејзината поправка почнува денеска, под закрила на Министерството за култура.
Да го најавиме започнувањето на реконструкцијата на Универзална сала – архитектонски и културен симбол на Скопје. Министерството за култура презеде обврска во наредните три години непречено да го реализира проектот, затоа што имаме обезбедено финансиски средства и комплетна документација. Владата и Министерството одлучија да го преземат објектот, затоа што тој има огромно значење и не може да се функционира без објект од ваков калибар, рече министерката за култура Бисера Костадиновска -Стојчевска.
Проектантот Бујар Муча од „Мегарон инженеринг“ појасни дека комплетно ќе бидат модернизирани сцената и просторот за публика. Заради новите архитектонските прописи ќе се намали бројот на седишта, на околу 1.300.
После две години ќе продолжи да се реализира нешто за коешто навистина се вложивме. Проектот е готов уште од 2021 година. Сега е ставен на располагање на изведувачите. Најпрво да се заврши покривот и фасадата, а потоа техничките фази и ентериер“, рече проектантот Бујар Муча од „Мегарон инженеринг“.
Според него, атмосферски влијанија сигурно имало, во годините додека на објектот воопшто не се работеше, но не се такви кои може да наштетат на она што е веќе изградено.
Тој смета дека недостатоци во проектот, од аспект на безбедност, немало. Но, во текот на реконструкцијата се појавила потреба за уште два носачи, па проектирале и добиле позитивно мислење од ревизијата и од ИЗИС.
Управителката од фирмата изведувач „Универзал-Балкан“, Билјана Блажевска, рече дека реконструкција и адапција на Универзалната сала ќе биде направена за 90 дена од денот на доставен налог за изведување на работите.
Љубин Макровски надзорен инженер од ЕОС Е.Е., рече дека во тек на градба излегле некои проблеми, вообичани, што се јавуваат во сите градилишта, каде има и технички и процедурални и бирократски недоразбирања. Но, фокусот за изградба останал кај сите и кај Град Скопје и кај нив.
Јас се сложувам со изјавата на градоначалничката за нестабилноста на зградата, но тоа е извадено од контекст. Тоа се однесува на техничката реализација и можноста за колапс. Со олабавувањето на постојниот конструктивен систем, ризикот е голем за да колабрира, истото може да настане и на новата конструкција која е во тек на градба, доколку тоа не се поткрепи со техничко-технолошки проекти за реализација и издигање и зацврстување на конструкцијата“, рече Марковски.
На почетокто на реконструкцијата присутен беше и поранешниот премиер Димитар Ковачевски, кој рече дека во негов мандат ингеренциите за салата биле преземени од Градот Скопје, за да се пристапи кон реконструкција на објектот преку Министерството за култура, а потоа објектот повторно ќе биде вратен на користење на Град Скопје.
Тој смета дека скопјани не може да останат без ваков објект и се надева дека во 2026 година ќе имаме можност повторно да присуствуваме на некој концерт во Универзалната сала.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.