Советот на Град Скопје ја прифати иницијативата на советничката група на СДСМ за предавање на ингеренциите за проектот за реконструкција на Универзална сала на Министерството за култура.
Реконструкцијата на Универзална сала предолго време стои во место а за реализација на овој проект обезбедени се средства од државниот буџет.
Универзална е симбол на Скопје, симбол на солидарноста и по реконструкцијата таа треба да им се врати на граѓаните како важен репрезентативен објект во главниот град.
Неспособноста на локалната власт на ДПМНЕ е едно но СДСМ иако е опозиција во Советот, продолжува да работи за доброто на Скопје, за доброто на граѓаните.
Сега на потег е градоначалничката на Град Скопје. СДСМ апелира да се прифати одлуката на Советот и реконструкцијата на Универзална сала да ја преземе Министерството за овој проект да биде завршен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.