Учениците од ОУ „Љубен Лапе“ во Општина Аеродром новата учебна година ќе ја започнат во училиште со целосно реконструиран приземен кат.

Деновиве се одвива реконструкцијата со која училниците ќе бидат подновени со нови врати и прозорци, бојадисани ѕидови, изолација и други различни содржини што ќе им овозможи на учениците настава во попријатна и современа атмосфера.

Станува збор за инвестиција на општината во износ од 4 милиони денари. Покрај овие активности, реконструкција на застарените делови од училиштата имаше и во ОУ „Лазо Ангеловски“, ОУ „Блаже Конески“ доби целосно нова енергетски-ефикасна фасада и започна процесот за доградба, ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ наскоро добива нов современ спортско-рекреативен и едукативен полигон, а истовремено во останатите училишта се изведуваат тековни активности за обновување, одржување и осовременување на целата образовна инфраструктура.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.