Центарот за управување со кризи (ЦУК), по барање на граѓани, поднесе иницијатива да се изгради кружен тек или итно да се постават семафори на крстосницата на бул. „Васко Карангелески“ во населбата Аеродром. За директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, оваа крстосница е „по малку збунувачка“ за учесниците во сообраќајот.

Повеќемина граѓани со повик на единствениот број 112 во ЦУК, преку медиумите и преку социјалните мрежи побараа итно поставување на семафори или изградба на кружен тек на крстосницата на бул. ‘Васко Карангелески’, пред објектот на СВР Скопје. Иако има соодветна сигнализација, крстосницата е збунувачка и предизвикува нејаснотии кај учесниците во сообраќајот околу првенството на премин поради што за краток период се случија 4 сообраќајни несреќи“, изјави Ангелов.

Додава дека ЦУК поднесол иницијатива до Град Скопје и одржал една координативна средба на којашто е добиено известување дека се работи на планирање за поставување на семафори.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.