Прекинато водоснабдување денеска ќе имаат корисниците од вилите на Водно, Кабинетот на претседателот на државата, како и улиците „Ацо Караманов“, „Периша Савељиќ“, „Караорман“, населбата Козле висока зона, населбата Пржино висока зона, како и дел од улиците „Тодор Александров“, „Славејко Арсови“ и Детската болница Козле.

ЈП Водовод и канализација – Скопје информира дека прекинот во водоснабдувањето е поради уличен дефект на водоводна цевка Ф250 мм. на улица „Тодор Александров“ 33 .

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 07:30 часот до завршување со работните активности.

Цистерна со питка вода ќе биде обезбедена и истата ќе биде надвижење по населбите, информираа од ЈП Водовод и канализација – Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.