Советот на Општина Центар на 26-та седница донесе одлука за определување на дозволеност на градба исклучиво во границите определени со планскиот опфат на Генералниот урбанистички план на Град Скопје 2012 – 2022. Советниците, како што е наведено во соопштението од Општина Центар, ја изгласаа оваа точка со цел да се заштити планината Водно од понатамошна експлоатација и евентуални злоупотреби.

Законот за урбанистичко планирање („Службен весник на РСМ“ бр.32/2020; 111/23) предвидува изработување на урбанистички проект вон опфат на урбанистички планови на земјоделско, шумско и друго земјиште, крајбрежни појаси и други простори за коишто не постојат услови и/или економска оправданост за донесување на урбанистички план согласно овој закон, а постои соодветен или некатегоризиран сообраќаен пристап, во кој случај урбанистичкиот проект се изработува врз основа на прибавени услови за планирање на просторот, нема да важи за планината Водно во делот помеѓу јужната граница на ГУП и административната граница на општината.

Единствен дел од административната територија на Општина Центар кој не влегува во опфатот на Генералниот урбанистички план (ГУП) на град Скопје за 2012-2022 година, претставува планината Водно во делот помеѓу јужната граница на ГУП и административната граница на општината и затоа со денешната одлука сакаме да ставиме крај на градбите на планината. Мојата заложба како градоначалник е да се стопира секое градење во зелениот појас, тоа го ветив пред граѓаните и тоа ќе го исполнам заедно со општинската администрација. Ниту една зелена педа на Водно нема да биде уништена, рече градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски.

Советниците ја изгласаа оваа точка со цел да се заштити планината Водно од понатамошна експлоатација и евентуални злоупотреби.

Советот на Општина Центар преку одлуката за определување на дозволеност на градба исклучиво во границите определени со планскиот опфат на Генералниот урбанистички план на Град Скопје, како што е наведено во соопштението, го заштитува од секаква понатамошна експлоатација и злоупотреба.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.