Денеска сме во обиколка на неколку капитални проекти кои што во изминатиот период се реализираа во општина Сопиште, и дел се се уште во изградба меѓу нив е и детската градинка која што е во позадина, истакна денеска Стевче Трпковски, градоначалник на општина Сопиште

Оваа детска градинка е поставена на локација каде што ќе одговара на три населени места тоа се Соње, Добри Дол и Ракотинци. Во завршна фаза е изградбата на градинката, во моментов течат административни процедури за пуштање во употреба.

Исто така ја посетивме и изградбата на канализациски систем во Ракотинци и Културниот дом кој што исто така е во завршна фаза.

Сите овие проекти се претходно ветени, сите овие проекти произлегуваат од барањата на нашите жители, и стандардната приказна од барање, проект до објект кој што еве сега ги гледаме на терен, изјави Трпковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.