Министерството а труд и социјална политика ги одзеде надлежностите на Општина Гази Баба над градинката Детска радост во Автокоманда. Градоначалникот на Општината, Боби Стефковски попладнево на социјалните мрежи најави прес-конференција за утре посочувајќи дека состојбата е загрижувачка.
Доцна попладнево пред крајот на работното време во општина Гази Баба пристигна Одлуката со која Министерката за труд и социјална политика ни ги одзема надлежностите над градинката Детска радост во Автокоманда.
Но она што загрижува е Одлуката на Министерката да ја врати разрешената директорка на чело на градинката, што е директна заштита на незаконско работење утврдено со ревизорски извештај.
Состојбата е загрижувачка и за таа цел закажувам прес конференција, утре 27.05.2023 година (сабота) со почеток во 11:00 часот во просториите на општина Гази Баба – стои во објавата на Стефковски
Претходно градоначалникот Стефковски обвини дека има низа неправилности во работењето на директорката на градинката Детска радост.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.