Преставниците на такси-компаниите од Скопје велат дека засега цената на нивните услуги е иста, но од надлежните бараат да преземат мерки кон нелојалната конкуренција, за услугите да не поскапат, објави Алсат.
Има решение цената да остане иста за граѓаните од институциите да бидат задоволни и да не ги чини ниту денар. Тоа значи дека инспекторите ќе излезат и ќе расчистат со нелојална конкуренција. Тоа се таксисти кои немаат лиценци, такси без фискални таксиметри и таксисти кои не се пријавени во Агенцијата за вработување, или пензионери. Тоа значи дека пензионерите работат како таксисти, вели Сашо Рајчановски од Скопје Такси Груп.
Цената на билетите ќе остане иста, сметаме дека со оваа мерка НКП Скопје ќе им помогне на граѓаните за време на економската криза во која се наоѓаме, изјави портпаролката на ЈСП, Деспина Трајковска Димова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.