Расфрлано стакло, искршени хидранти и керамичка санитарија, е сликата по завчерашното славење во студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје.

На социјалните мрежи беше објавено видео на кое може да се забележи хаосот кој го направиле студентите кои славеле.

„Утрото после новогодишната вечер во Стив. Не ги фатив во актот чинителите, но имаше звуци од лупање на хидрантот, кршење на керамичка санитарија, која всушност е новопоставена. И да нагласам, ова сѐ е дело на академски луѓе, кои подоцна треба да се двигатели на нашето општество.

Наместо мек снег на првото утро од 2023 да ми крцка под нозе, јас добив крцкање од срчи“, стои во описот на објавеното видео.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.